БЛОКИРАН ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Поради снимање на филмот „Збогум Копакабано“

БЛОКИРАН ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Поради снимање на филмот „Збогум Копакабано“

Поради снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски „Збогум Копакабано“, вечерва (31 јули) ќе биде воведен времен режим на сообраќајот во центарот на Скопје, поточно на булеварот 11 Октомври, на потегот од раскрсницата кај Црвен Крст до раскрсницата кај Градска болница.

Како што информира ПР тимот на продукцијата „Банана филм“, сообраќајните промени се во координација со Министерството за внатрешни работи и ЈП Улици и патишта, а важат во периодот од 20:00 часот вечерва до 04:00 часот утре изутрина.

Филмот на Манчевски, кој повторно снима во Скопје, предизвикува интерес, но и потреба од разбирање кај граѓаните поради временото ограничување на движењето.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, кои ќе бидат присутни на терен и ќе ја регулираат ситуацијата за време на снимањето.

Граѓаните се советуваат да користат алтернативни патишта за движење додека трае привремената блокада.

CATEGORIES
Share This