ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТОТ СТРУМИЦА – БЕРОВО – На останатите патишта сообраќајот се одвива нормално

Од синоќа во 22:10 часот, сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Берово е во целосен прекин кај „Сарајска раскрсница“ поради сообраќајна незгода, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива нормално, иако коловозите на некои места се влажни. Според АМСМ, се бележи зголемена фреквенција на возила надвор од урбаните средини, што се должи на летниот туристички период.
На граничните премини, од македонска страна нема подолги задржувања, иако интензитетот на сообраќај е зголемен.
АМСМ апелира до возачите да внимаваат при управување, да ја прилагодат брзината на условите на патот и строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, особено на ризичните делници низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од одрони. Најризични се:
- Катланово – Велес,
- Маврово – Дебар – Струга,
- Виница – Берово,
- Кочани – Делчево
Надлежните служби работат на нормализирање на состојбата кај Сарајска раскрсница, а дополнителни информации се очекуваат во текот на денот.


