Прва МФЛ: Извлечени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025-26

Прва МФЛ: Извлечени паровите за есенскиот дел од сезоната 2025-26

Македонскиот фудбал ја доби својата највозбудлива ждрепка во последниве години! Новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе стартува со два од најжешките дуели на мак-фудбалската сцена.

На самиот старт, Скопје ќе биде домаќин на најстарото и најемотивно ривалство – Вардар ќе го пречека Пелистер на домашен терен, натпревар што секогаш носи страсти, тензија и полни трибини.

Во Тетово пак, Шкендија ќе се соочи со Шкупи во уште еден дуел исполнет со фудбалска гордост и регионално ривалство. Амбициите на двата тима за врвот на табелата ќе бидат јасно поставени уште од самиот почеток.

Фановите нема да треба да чекаат – борбата за титула, престиж и емоции почнува веднаш! Овој силен старт ветува дека сезоната 2025/26 ќе биде една од најнепредвидливите и највозбудливите досега.

На следниот линк можете да го погленете распоредот:

Распоред Прва Лига 2025-2026.pdf

За потсетување, во продолжение е календарот за сезоната 2025/26:

Календар 2025-26

CATEGORIES
Share This