ПРОЦЕСОТ ЗА ИЗБОР НА СУДИЈА ВО СТРАЗБУР ПОЧНУВА ОД НУЛА Владата не ја прифати старата листа

Еден од предложените кандидати требаше да го замени актуелниот судија Јован Илиевски, чииот мандат истекува на 1 февруари 2026 година. Новата комисија сега треба да го води понатамошниот тек на постапката.

ПРОЦЕСОТ ЗА ИЗБОР НА СУДИЈА ВО СТРАЗБУР ПОЧНУВА ОД НУЛА Владата не ја прифати старата листа
Фото: Принтскрин

Владата на Република Македонија ја поништи листата со тројца предложени кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), со образложение дека не ги исполнувале потребните услови. Наместо нив, формирана е нова комисија со пет члена, која ќе избере нови кандидати.

Од досегашната листа отпаднаа обвинителката Ленче Ристоска, судијката Габриела Гајдова и адвокатот Јордан Апостолски. Новата комисија, чија одлука е објавена во „Службен весник“ на 25 јули, ја сочинуваат претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, претседателот на Врховниот суд Африм Фидани, в.д. претседателката на Кривичниот суд Даниела Димовска, претседателот на Основниот граѓански суд Бесник Авдија и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајковска Стрезоски.

Со оваа одлука престанува да важи мандатот на претходните девет членови на Комисијата, во која беа и претставници од Уставниот суд, МНР, Министерството за правда, правните факултети, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Единствено што останува од стариот состав е новата директорка на Академијата, Трајковска – Стрезоски, за чие именување веќе има тужба пред Управниот суд.

Предлог-листата со кандидатите со месеци беше заглавена во Владата, а не е јасно зошто не била прво доставена на мислење до Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа, како што е предвидено во процедурата.

Според одлуката за формирање на Комисијата, листата со тројца кандидати прво треба да биде испратена до Панелот на експерти, а дури потоа доставена до Владата на усвојување.

Еден од предложените кандидати требаше да го замени актуелниот судија Јован Илиевски, чииот мандат истекува на 1 февруари 2026 година. Новата комисија сега треба да го води понатамошниот тек на постапката.

CATEGORIES
TAGS
Share This