СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС ПОЧУВСТВУВАН ВО МАКЕДОНИЈА Епицентарот бил во близина на Галичник

Потресот се случил на длабочина од 10 километри и бил оддалечен околу 81 километар од Скопје. Според сеизмолозите, земјотресот бил слабо почувствуван и не предизвикал материјални штети.

Синоќа во 23:37 часот е регистриран слаб земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во близина на Галичник, во западниот дел на Македонија.

Потресот се случил на длабочина од 10 километри и бил оддалечен околу 81 километар од Скопје. Според сеизмолозите, земјотресот бил слабо почувствуван и не предизвикал материјални штети.

Вакви слаби земјотреси се вообичаени за регионот и не претставуваат причина за загриженост.

CATEGORIES
Share This