СПРЕЧЕН ОБИД ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ Шумочуварите пронашле триесетина гуми и картон спремни за палење

Да не била брзата реакција на шумочуварите, огнот ќе можеше брзо да се прошири и да предизвика катастрофални последици.

СПРЕЧЕН ОБИД ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАР НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ Шумочуварите пронашле триесетина гуми и картон спремни за палење

Шумочуварите од подружницата Осогово – Крива Паланка на ЈП „Национални шуми“ вчера спречија обид за подметнување пожар под Царев Врв, на 2000 метри надморска височина, во месноста Алтн врв.

Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, биле пронајдени над триесет автомобилски гуми, картон, внатрешни гуми и суви гранки, подготвени за палење. Брзата интервенција спречила можна огнена стихија која можела да се прошири во блиската шума.

Надлежните служби работат на откривање на сторителите, а од институциите апелираат за будност и почитување на забраната за палење оган на отворено.

CATEGORIES
TAGS
Share This