ПЕНЗИЈА ЗА 5.000 ЕВРА – Обвиненија против 36 лица

о криминалната мрежа биле вклучени лекари, адвокат и вработени во јавни институции. Со злоупотреба на службената положба, тие издавале лажни медицински мислења и одлуки, грубо кршејќи ги законските процедури.

ПЕНЗИЈА ЗА 5.000 ЕВРА – Обвиненија против 36 лица
Фото: Национал

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против 36 лица за злоупотреби при доделување инвалидски пензии и права на туѓа нега.

Според обвинението, станува збор за две организирани криминални групи кои во текот на 2023 и почетокот на 2024 година посредувале и незаконски овозможувале добивање на овие социјални права, барајќи финансиски надомест од 150 до 5.000 евра, зависно од видот и времетраењето на правото.

Во криминалната мрежа биле вклучени лекари, адвокат и вработени во јавни институции. Со злоупотреба на службената положба, тие издавале лажни медицински мислења и одлуки, грубо кршејќи ги законските процедури.

Од обвинетите:

  • 10 лица се товарат за злосторничко здружување, давање поткуп и примање награда за противзаконито влијание,

  • 5 лица за здружување и примање поткуп,

  • 2 лица за здружување и примање награда за противзаконито влијание,

  • 19 лица се обвинети за давање поткуп и награда за противзаконито влијание.

Досега, 13 обвинети склучиле спогодби со Обвинителството. Првообвинетата е осудена на 3 години и 6 месеци затвор, при што ѝ е конфискувана противправна добивка од 15.000 евра. Останатите 12 добиле условни казни затвор од 1 до 2 години, со рок на испит од 3 до 5 години. Дел од нив се лишени и од незаконски стекната имотна корист, меѓу која 36.520 денари, 2.360 евра и 81.000 денари.

Обвинителството побара продолжување на мерките за обезбедување: притвор за пет лица, куќен притвор за уште пет, а за останатите – мерки на претпазливост.

„Станува збор за сериозна коруптивна шема која ја поткопува довербата во системот на социјална заштита и нанесува директна штета на државниот буџет и на граѓаните што навистина имаат потреба од овие права“, соопштуваат од Обвинителството.

CATEGORIES
TAGS
Share This