WHEN IN KRUSEVO СЕ ВРАЌА ОД 8 ДО 10 АВГУСТ – Летен фестивал со авантури, музика и природа за само 700 денари

WHEN IN KRUSEVO СЕ ВРАЌА ОД 8 ДО 10 АВГУСТ – Летен фестивал со авантури, музика и природа за само 700 денари

Еден од најочекуваните летни настани, фестивалот „When in Krusevo“, ќе се одржи од 8 до 10 август, носејќи со себе нови доживувања, концерти и активности на отворено кои ќе ја збогатат туристичката понуда на градот.

Со фестивалска влезница од 700 денари, посетителите добиваат:

  • Фестивалска маичка
  • Промотивен пакет од спонзори
  • Бесплатни концерти
  • Бесплатен тренинг во биатлон
  • Бесплатни велосипедски и планинарски тури
  • Бесплатен влез во музеите
  • Повластени цени за авантуристички активности: Параглајдинг тандем – 3.000 денари (со сертифицирани инструктори, Кајак – 400 денари, Јавање коњи – 1.200 денари, Кампување – 300 денари, Адреналински парк

Организаторот најавува дека имената на музичките изведувачи ќе бидат дополнително објавени, зависно од финалниот буџет. Задржано е и правото за измени во програмата.

Фестивалот е под покровителство на НУ Центар за култура „Десет Дена Крушевска Република“ – Крушево, и претставува уникатна можност за уживање во природата, културата и спортските активности на едно од најубавите места во Македонија.

АГЕНДА

Петок 08.08.2025
16:00-20:00 Пристигнување и пријавување на учесниците во Крушево, поставување на шатори на Крушевското езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите. 18:00 Chillout zone на Крушевско езеро
18:00-20:00 Детски фестивал СИДО, Летна сцена Гумење 21:30 Официјално отворање концерт Трето Колено, споменик “Илинден”
23:00 – 01:00 Забава на отворено Revelation, споменик “Илинден”
01:00 – 02:30 Bapchu

Сабота 09.08.2025
07:45 Планинарска тура 8км (Старт: Манастир св. Преображение)
09:30 Велосипедска тура 20км (Старт: Спомен куќа Тодор Проески)
12:00-18:00 Дневни активности: 12:00 Забава на отворено Estephano, (Ресторан Алто, Станиќ) 12:00 Вештачка карпа, адреналински парк, изнајмување на велосипеди и четириколки, chillout zone – Ресторан Алто, Станиќ
13:00 Кајак, SUP, јавање на коњи, chillout zone (Крушевско езеро)
17:00 Промотивен тренинг во биатлон со ласерски биатлонски пушки Biathlon 4all, Гумење
22:00 – 23:30 Забава на отворено, Мемфис Мафија, Градски парк
23:30 – 01.00 ДУПЕР, градски парк
01:00 03.00 DOMENICO TALESA Градски парк

Недела 10.08.2025
10:00-15:00 Посета на музеи и запознавање на историјата и традицијата
10:00-16:00 Тандем параглајдинг на Мечкин Камен
11:00 Chillout zone, Kрушевско езеро и Ресторан Алто, Станиќ
11:00 – 14:00 Дневни настани
11:00 Инклузивен настан за подигнување на свеста за социјално ранливите лица и детски игри (Градски парк)
11:15 Музички настап на социјално ранливи лица
11:30 Театарска претстава
11:30 Саем на храна и пијалоци (Градски парк)
16:00 Еко акција, ресторан Алто, Станиќ
18:00 Затворање на фестивалот

CATEGORIES
Share This