ТРАГЕДИЈА НА ГРЧКА ПЛАЖА – Почина 80-годишен македонски државјанин

ТРАГЕДИЈА НА ГРЧКА ПЛАЖА – Почина 80-годишен македонски државјанин

На плажата Карианис, во близина на Кавала, вчера попладне почина 80-годишен државјанин на Република Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Според соопштението на Крајбрежната служба на Грција, мажот бил извлечен во бесознание од морето, по што му била укажана прва помош на самата плажа. Иако бргу бил префрлен со амбулантно возило во Општата болница во Кавала, лекарите таму само можеле да ја констатираат смртта.

Според информации на МИА, мажот ја загубил свеста додека бил во морето. Присутните капачи веднаш повикале помош, но, за жал, интервенцијата не била доволна за да се спаси неговиот живот.

Точната причина за смртта ќе биде утврдена со обдукција.

CATEGORIES
Share This