ПОЧИНА ТУРИСТ ОД БОСНА НА ПЛАЖА КАЈ СВЕТИ СТЕФАН – Телото на 65-годишниот маж е предадено на обдукција

Вчера попладне, во 14:25 часот, во СВР Охрид било пријавено дека маж починал на плажа на брегот на Охридското Езеро, во близина на ЈЗУ „Специјална болница за кардио-васкуларни заболувања Св. Стефан“. Според пријавата, се работи за 65-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, со иницијали М.С.
Надлежните институции веднаш биле известени, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција со цел да се утврдат причините за смртта.
CATEGORIES Македонија


