СПОГОДБА ОД 8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ – Закерберг и екс-директорите на Мета прифатија одговорност

СПОГОДБА ОД 8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ – Закерберг и екс-директорите на Мета прифатија одговорност

Марк Закерберг и сегашни и поранешни директори на Мета постигнаа спогодба со акционерите, со што се стави крај на тужба вредна 8 милијарди долари за кршење на приватноста на корисниците на Фејсбук. Случајот беше прекинат непосредно пред вториот ден од судењето во Делавер, а судијката Каталин Мекормик им честиташе на страните за постигнатиот договор.

Акционерите тврдеа дека врвниот менаџмент, вклучувајќи ги Закерберг, Марк Андресен и поранешната директорка Шерил Сандберг, дозволиле огромна штета врз компанијата, особено со прекршувањето на договорот со Федералната трговска комисија (FTC) од 2012 година. Во 2019, поради овие прекршувања, Фејсбук плати рекордна казна од 5 милијарди долари.

Иако деталите за новата спогодба не се објавени, тужителите барале извршниот врв на Мета со сопствени средства да ги покрие дел од казните и трошоците што произлегле од скандалите со приватност. Одбраната ги отфрли обвинувањата како неосновани и претерани.

CATEGORIES
Share This