СВЕРЕ НИПАН СЕ СЕЛИ ВО СИТИ Норвешкиот талент од Роземборг потпиша до 2030 година

СВЕРЕ НИПАН СЕ СЕЛИ ВО СИТИ Норвешкиот талент од Роземборг потпиша до 2030 година

Еден од најталентираните норвешки фудбалери, Свере Нипан, официјално е нов играч на Манчестер Сити. Осумнаесетгодишниот офанзивец доаѓа од редовите на Роземборг, каде што го привлече вниманието на европските гиганти со своите настапи.

Младиот Нипан потпиша петгодишен договор со англискиот шампион, со важност до 2030 година. Неговото деби за сениорскиот тим на Роземборг го направи уште на 15-годишна возраст, што уште тогаш навести блескава кариера.

Манчестер Сити очекува Нипан да биде значајно засилување за иднината, додека норвешката фудбалска јавност со големо внимание ќе го следи неговиот развој во една од најсилните европски екипи.

CATEGORIES
Share This