СНУП ДОГ ВО СВОНСИ американскиот рапер стана сопственик и модел на дресовите на велшкиот клуб

Познатиот американски рапер Снуп Дог стана малцински сопственик на фудбалскиот клуб Свонси Сити, кој иако е велшки, настапува во англискиот Чемпионшип. Со тоа, музичката ѕвезда влезе во светот на европскиот фудбал, приклучувајќи се на сопственичката структура предводена од американските бизнисмени Брет Крават и Џејсон Коен.
Во објавата на клубот беше нагласено дека Снуп Дог ќе игра сè поголема улога во стратегискиот и медиумскиот развој на Свонси, користејќи ја својата глобална популарност за промоција на брендот. Тој веќе беше модел за новите дресови на клубот за претстојната сезона, а во негова чест е насликан и мурал на западната трибина од стадионот.
Интересно е што покрај Снуп Дог, во управата на Свонси неодамна се приклучи и хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, што сведочи за амбициозниот курс на клубот кон меѓународна експанзија и препознатливост.


