КРАДЕЛЕ ВО ЦРКВА Полицијата ги фати на лице место

Министерството за Внатрешни работи соопшти дека вработени во ОВР Прилеп во раните утрински часови фатиле двајца крадци.
Како што наведуваат во соопштението на 18.07.2025 во 04.35 часот на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода двајца 17-годишни малолетници од Прилеп. Тие биле затекнати како од метално сандаче за доброволен прилог од црква вршат кражба. Тие се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
CATEGORIES Македонија


