МОСКВА СЕ ЗАКАНИ: Ќе возвратиме ако се користат западни ракети врз руска територија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва го задржува правото да реагира со употреба на оружје против земји кои дозволуваат таква употреба на нивните ракети.

МОСКВА СЕ ЗАКАНИ: Ќе возвратиме ако се користат западни ракети врз руска територија

Русија испрати остро предупредување до Западот дека ќе одговори решително ако Украина користи западно оружје за напади на руска територија. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва го задржува правото да реагира со употреба на оружје против земји кои дозволуваат таква употреба на нивните ракети.

„Ако конфликтот продолжи да ескалира, ќе реагираме решително“, изјави Захарова на прес-конференција, пренесува агенцијата „Риа Новости“.

Според неа, нападите не се реализираат самоиницијативно од страна на Украина, туку со директна вмешаност на западни воени експерти од државите производители на ракетните системи.

Посебно беше спомената Германија, за која Захарова тврди дека нејзин воен персонал учествува во планирање и изведување на напади со ракетни системи како „Бак“ и нивни модификации.

„Тоа значи дека германски воени лица би биле директно вклучени во напади врз Русија“, нагласи Захарова, алудирајќи на можна ескалација на конфликтот и проширување на фронтот.

CATEGORIES
Share This