ВАРДАР РАЗОЧАРА СО РЕМИ ПРОТИВ ЛА ФИОРИТА Следува двомеч со Лозана

Иако во првиот меч имаа убедлива предност од 3:0, „црвено-црните“ на реваншот покажаа бледа игра.

ВАРДАР РАЗОЧАРА СО РЕМИ ПРОТИВ ЛА ФИОРИТА Следува двомеч со Лозана

Фудбалскиот клуб Вардар не успеа да триумфира на гостувањето кај Ла Фиорита во реваншот од првото квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, одигрувајќи само 2:2 на стадионот во Сан Марино.

Иако во првиот меч имаа убедлива предност од 3:0, „црвено-црните“ на реваншот покажаа бледа игра. Прво губеа со 1:0, потоа направија пресврт за 2:1, но примија гол во последните минути од натпреварот и не успеаја да го потврдат статусот на фаворит со победа.

Ова реми е јасен сигнал дека во Европа нема лесни ривали, дури ни од понизок ранг. Вардар ќе мора сериозно да ги коригира грешките и да прикаже многу подобар фудбал во следниот предизвик – двомечот против швајцарскиот Лозана, екипа од далеку посилен ранг.

CATEGORIES
Share This