БРИТАНСКИ АКТЕРКИ ДОБИЈА ЗАБРАНА ЗА УПРАВУВАЊЕ АВТОМОБИЛ, причината е брзо возење
Британските актерки Ема Вотсон и Зои Вонамејкер се соочија со шестмесечна забрана за управување со моторно возило и парични казни, откако беа фатени во одделни случаи на прекорачување на брзината во Англија.

Вотсон (35), позната по улогата на Хермиона Грејнџер, на 31 јули минатата година возела 60 км/ч на делница со ограничување од 50 во Оксфорд. Иако не се појави на суд, доби казна од 1.400 долари и забрана за возење поради акумулација на казнени поени.
На истиот ден, судот го разгледувал и случајот на Вонамејкер (позната по улогата на Мадам Хуч во „Хари Потер“), која возела 75 км/ч на пат со дозволени 65 во Беркшир. И таа доби идентична казна.
Двете актерки веќе имале по девет казнени поени на своите дозволи. Со новите прекршоци, добија уште три поени, што според британското законодавство автоматски доведува до шестмесечна суспензија на возачката дозвола.
Случаите привлекоа внимание поради високите профили на актерките и повторното отворање на прашањата за одговорноста на јавните личности во сообраќајот.


