СКОПСКО ЛЕТО, вечерва настапува белгиската танцова група „Инкар“

СКОПСКО ЛЕТО, вечерва настапува белгиската танцова група „Инкар“

Во рамки на 65. издание на фестивалот „Скопско лето“, вечерва (17 јули) со почеток од 20:00 часот во Сули ан ќе настапи белгиската полупрофесионална танцова група Incar Dansspektakel од Лебеке, Источна Фландрија.

Групата постои повеќе од 60 години и е препознатлива по својот придонес кон фламанската културна сцена. Во 2023 година го одбележа својот 65-годишен јубилеј со претставата „IC65“.

Билетите за настанот се достапни на karti.com.mk и ќе се продаваат и на самиот влез од Сули ан.

Фестивалот „Скопско лето“ продолжува со богата програма до крајот на јули на повеќе локации низ градот.

CATEGORIES
Share This