БЕЗ ДОГОВОР ЗА ЛИДЕРСКА СРЕДБА Мицкоски му одговори на Филипче
Доколку има потреба повторно да се состанеме, зошто да не - отворени сме.

Фотож: Принстскрин
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба од нова лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој изминатите денови неколку пати повика на состанок со цел утврдување на заеднички позиции и постигнување натпартиски консензус за европските интеграции на земјата.
„Често ме повикуваат на лидерски средби. Веќе одржавме една таква средба со господинот Филипче. Доколку има потреба повторно да се состанеме, зошто да не – отворени сме. Но, во моментов не гледам никаква причина за нова лидерска средба“, изјави Мицкоски на денешната прес-конференција по потпишувањето на договорите за инфраструктурни проекти со единиците на локалната самоуправа.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


