ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – МПЦ-ОА добива признание од Американската православна црква

Ова е прва формална потврда од православна црква надвор од балканскиот контекст.

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ – МПЦ-ОА добива признание од Американската православна црква
Фото: Википедиа

Американската православна црква (АПЦ), која е призната од Руската православна црква, донесе одлука да ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) како автокефална. Одлуката е донесена на 21 мај 2025 година по барање на српскиот патријарх Порфириј, а се очекува заедничко сослужување на поглаварите на двете цркви во Вашингтон.

Според соопштението, тоа ќе биде симболично потврдување на автокефалноста на МПЦ-ОА, која за АПЦ станува рамноправна сестринска црква. Ова е прва формална потврда од православна црква надвор од балканскиот контекст.

CATEGORIES
TAGS
Share This