НАРОДНА БАНКА СО НОВ МОДЕЛ ЗА ТАРИФИРАЊЕ НА ПЛАЌАЊА – Чекор кон поевтини електронски трансакции и европски стандарди

Народната банка воведе нов модел за тарифирање на банките при извршување на плаќања, кој се базира на европски практики и овозможува фиксни и пониски трошоци за електронски трансакции.

Дополнително, се воведува фиксирана тарифа за плаќањата на државните органи во евра со СЕПА-земјите – 3 евра за електронски и 5 евра за хартиени налози.

Мерките се дел од процесот на приклучување кон СЕПА и имаат за цел поевтини прекугранични плаќања и подобра услуга за граѓаните и фирмите.

Советот на Народната банка го усвои и извештајот за банкарските ризици, оценувајќи дека секторот е стабилен, со солиден раст и поволни финансиски показатели.

Усвоен е и нов систем – ИСИДОРА, кој ќе овозможи поквалитетни и побрзи податоци од банките, усогласени со европските стандарди.

CATEGORIES
Share This