ВИ ТЕЧЕ ПОД АВТОМОБИЛОТ? Како да препознаете дали течноста е опасна или не?
Понекогаш може да забележите течност под автомобилот и веднаш да се запрашате дали треба итно да го однесете на сервис или не.

Не секое истекување значи сериозен проблем, но е важно да знаете како да го препознаете видот на течноста и дали таа претставува опасност за вашиот автомобил.
Ако течноста е проѕирна, без мирис и не лепи на прстите, најверојатно се работи за кондензат од клима уредот. Ова е сосема нормална појава и укажува дека системот работи правилно. Исто така, неколку капки вода може да најдете и под издувната цевка, што е нормално.
Ако течноста има зелена, портокалова, розова или сино-зелена боја и мириса благо, како бонбони, најверојатно имате истекување на антифриз. Ако забележите такво истекување, обидете се да ја затегнете обвивката или капакот на резервоарот. Доколку течи и натаму, дополнете го антифризот и веднаш посетете механичар.
Црвената течност може да биде масло за менувач или серво волан. Ако течи од предниот дел на автомобилот, тоа е најчесто течност за серво, додека ако тече под средината или задниот дел, најверојатно е масло од менувачот. Ова бара проверка и поправка кај мајстор.
Виолетово-сина течност е обично течност од резервоарот за бришачи. Не е опасна, но е добро да ја проверите во сервис.
Истекувањето на течност за сопирачки е најопасна ситуација. Свежата течност е светла или жолта, многу лизгава и има специфичен мирис. Ако забележите вакво истекување, веднаш однесете го автомобилот на сервис, дури и ако тоа значи да го одвлечете.
Маслото за мотор може да биде жолтеникаво, кафено или црно ако е старо. Ако го забележите под моторот, со силен мирис, тоа е сигнал за итна посета на мајстор, бидејќи истекувањето може да предизвика сериозни оштетувања.


