ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ИПО-то НА „ГЛЕЈ “ стриминг платформата продала речиси 3% од понудените акции

Македонската компанија СВОД МАСТЕР АД Скопје, сопственик на стриминг сервисот „Глеј“, ја започна првата иницијална јавна понуда (ИПО) на Македонската берза, со што понуди 200.000 обични акции по цена од 600 денари. Вкупната вредност на понудата изнесува 120 милиони денари.

Според Илирика Инвестментс, ова е историски чекор за домашниот пазар на хартии од вредност и пример за транспарентен начин на финансирање. Дарко Перушески, директор на СВОД МАСТЕР, вели дека интересот е голем и дека досега се продадени околу 5.000 акции, односно речиси 3% од понудата.

Средствата ќе бидат инвестирани во домашна продукција достапна за македонските семејства и дијаспората. Крајниот рок за учество во ИПО-то е 25 август 2025 година.

CATEGORIES
Share This