МОДРИЌ СТАНА „РОСОНЕР“ – Хрватската фудбалска легенда потпиша за Милан

МОДРИЌ СТАНА „РОСОНЕР“ – Хрватската фудбалска легенда потпиша за Милан

И официјално, Лука Модриќ е новиот играч на Милан. По завршените лекарски прегледи и потпишувањето на договорот, славниот италијански клуб го претстави своето најново засилување.

Целодневната програма во Милано за пречек на хрватскиот плејмејкер – од деталните медицински проверки, до финализирањето на договорот што ќе го однесе на нова фудбалска авантура во Серија А. Модриќ пристигнува во Милан по 13 блескави сезони во Реал Мадрид, со кого освои бројни титули, вклучувајќи пет Лиги на шампиони.

По кратка пауза за одмор, Модриќ ќе им се приклучи на новите соиграчи во август, подготвувајќи се за својата прва сезона во дресот на Милан и за нови предизвици на италијанската фудбалска сцена.

CATEGORIES
Share This