ПРЕВРТЕНА ПРИКОЛКА – Целосна блокада меѓу Истибања и Каменица
Во моментот се чека пристигнување на дигалка која ќе овозможи нејзино отстранување и повторно воспоставување на нормален сообраќаен тек.

Фото: Принтскрин
Попладнево, околу 18 часот, на патниот правец Истибања – Македонска Каменица, во близина на ресторанот „Саваро“, се случи сообраќајен инцидент при кој се преврте приколка од камион.
Превртената и оштетена приколка целосно го блокира сообраќајот на овој дел од патот. Во моментот се чека пристигнување на дигалка која ќе овозможи нејзино отстранување и повторно воспоставување на нормален сообраќаен тек.
CATEGORIES Македонија


