ТРАМП И ДАВА 50 ДЕНА НА РУСИЈА ЗА ДОГОВОР ЗА УКРАИНА – Следуваат санкции и оружје за Украина
Од Москва, пак, постојано се повторува ставот дека западните санкции немаат ефект. И на самиот Запад сè почесто се слушаат гласови дека сегашните ограничувања не го даваат посакуваниот резултат.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе воведат секундарни санкции против Русија и нејзините трговски партнери доколку во рок од 50 дена не се постигне договор за прекин на војната во Украина. Ова го изјави на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Вашингтон.
„Многу, многу сум незадоволен од Русија. Доколку не дојде до договор, ќе воведеме многу високи царини – дури до 100 отсто. Можете да ги наречете и секундарни санкции – изјави Трамп.
Паралелно со ова, САД и Европската Унија постигнаа договор за нови пратки оружје за Киев, при што трошоците ќе ги покрие Европа. Испораките ќе бидат координирани преку НАТО и американскиот постојан претставник во Алијансата, Метју Витакер.
„Да бев на местото на Путин и да слушнев што планира Трамп за наредните 50 дена, сигурно ќе размислев сериозно и ќе седнев на преговарачка маса – порача генералниот секретар на НАТО, Руте.
Од Москва, пак, постојано се повторува ставот дека западните санкции немаат ефект. И на самиот Запад сè почесто се слушаат гласови дека сегашните ограничувања не го даваат посакуваниот резултат.


