СРЕБРО ЗА МАКЕДОНИЈА: Марио Ванчоски од Штип блеска на Меѓународната хемиска олимпијада во Дубаи
Марио се истакна меѓу 354 учесници од 90 држави, при што во експерименталниот дел постигна трет најдобар резултат, со што се најде меѓу најдобрите млади хемичари во светот.

Младиот хемичар Марио Ванчоски од Штип освои сребрен медал на престижната 57. Меѓународна хемиска олимпијада што се одржа во Дубаи, остварувајќи исклучителен успех за себе и за Македонија.
Марио се истакна меѓу 354 учесници од 90 држави, при што во експерименталниот дел постигна трет најдобар резултат, со што се најде меѓу најдобрите млади хемичари во светот.
Од СОУ Гимназија Славчо Стојменски велат дека се горди на својот ученик, нагласувајќи дека овој успех е резултат на посветеност, знаење и талент.
Ова признание е доказ дека македонските ученици имаат капацитет за врвни меѓународни достигнувања. Со својот успех, Марио не само што ја претстави Македонија во најдобро светло, туку и ја отвори вратата кон идни научни предизвици и инспирира генерации што доаѓаат.


