СТРОГИ КОНТРОЛИ ВО ГРЦИЈА: Казни до 1.500 евра за возачи без задолжителна опрема

Грчката сообраќајна полиција ќе казнува строго секое прекршување на сообраќајните прописи и недостаток на задолжителна опрема во возилата, предупредува здружението „Пресретнувач“, пренесуваат регионалните медиуми

СТРОГИ КОНТРОЛИ ВО ГРЦИЈА: Казни до 1.500 евра за возачи без задолжителна опрема

Грчката сообраќајна полиција ќе казнува строго секое прекршување на сообраќајните прописи и недостаток на задолжителна опрема во возилата, предупредува здружението „Пресретнувач“, пренесуваат регионалните медиуми.

Според информациите, контролите се интензивни и секојдневни, а казните можат да достигнат и до 1.500 евра. За да се избегнат санкции, возачите треба да имаат:

  • Рефлектирачки елек – сместен во кабината, не во багажникот
  • Безбедносен триаголник – поставен на растојание од 50 до 100 метри
  • Противпожарен апарат – тип S2 (2 кг), исправен и со валиден сервис
  • Комплет за прва помош – целосен и во рок
  • Резервно тркало или сет за поправка на гуми

За истечен рок на првата помош казната е 100 евра, исто толку за триаголник што не е поставен, 50 евра за возење во влечки, а за пушење во автомобил со деца – дури 1.500 евра.

Здружението апелира до сите возачи да се информираат и да ги почитуваат правилата пред да патуваат во Грција.

CATEGORIES
Share This