НОВ АВТОПАТ – Пуштен првиот сегмент до Охрид, погледнете како изгледа

Премиерот додаде дека на охридската страна се наоѓаат шест свлечишта, лоцирани во атарот на селото Ботун, кои претставуваат дополнителен предизвик во изградбата.

НОВ АВТОПАТ – Пуштен првиот сегмент до Охрид, погледнете како изгледа
Фото: Социјални мрежи

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, со автомобил ја поминаа новата делница од автопатот што води кон Охрид, во насока од Врбјани.

Во својата објава на Фејсбук, премиерот истакна дека долгоочекуваната делница конечно е отворена за сообраќај:

„Навистина, граѓаните долго време го очекуваа овој момент. Денеска го пуштивме во употреба првиот дел од делницата од Врбјани до Охрид. До Кичево остануваат уште околу дваесетина километри“, наведе Мицкоски.

Според неговите зборови, од тунелите па до Кичево автопатот е во завршна фаза. Вкупно седумнаесет километри се останати до Кичево – од кои два километри се тунелите, кои се речиси целосно завршени, и дополнителни петнаесет километри од излезот на тунелите до градот.

Премиерот додаде дека на охридската страна се наоѓаат шест свлечишта, лоцирани во атарот на селото Ботун, кои претставуваат дополнителен предизвик во изградбата.

„Проблемите ги оставаме зад нас. Важно е да гледаме напред. Граѓаните не избраа за да ги решаваме токму тие предизвици. Да беше лесно, немаше ние да бидеме тука. Ги поставуваме темелите на промените – доаѓа времето на Македонија“, порача Мицкоски.

CATEGORIES
TAGS
Share This