ГОЛЕМ ПРЕСВРТ – Трамп му објавува војна на Путин

Соопштението ќе биде објавено за време на средбата на Трамп со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, при што ќе се презентира и идејата европските земји да го финансираат американското оружје што ќе биде доставено на Украина.

ГОЛЕМ ПРЕСВРТ – Трамп му објавува војна на Путин
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе го соопшти својот нов и значително поагресивен план за Украина, пренесува „Аксиос“ повикувајќи се на два извори запознаени со ситуацијата.

Според нив, Трамп планира да предложи испорака на офанзивно оружје за Украина, што претставува драматичен заокрет во неговата досегашна политика која до неодамна се фокусираше исклучиво на одбранбени капацитети за да се избегне директна ескалација со Русија.

Изворите тврдат дека планот вклучува ракети со долг дострел, способни да погодат цели длабоко на руска територија – вклучително и во близина на Москва.

„Трамп е навистина лут на Путин. Очекувајте многу агресивна изјава“, изјави сенаторот Линдзи Греам за „Аксиос“.

Соопштението ќе биде објавено за време на средбата на Трамп со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, при што ќе се презентира и идејата европските земји да го финансираат американското оружје што ќе биде доставено на Украина.

CATEGORIES
TAGS
Share This