БИТКОИНОТ СО РЕКОРДНА ВРЕДНОСТ – НАД 120.000 ДОЛАРИ – Трамп се прогласи за „Крипто претседател“

Од почетокот на годинава, вредноста на биткоинот порасна за 29 проценти, што повлече нагоре и други криптовалути. Етерот, втората највредна дигитална валута, денес достигна највисоко ниво во последните пет месеци – 3.048,23 долари.

БИТКОИНОТ СО РЕКОРДНА ВРЕДНОСТ – НАД 120.000 ДОЛАРИ – Трамп се прогласи за „Крипто претседател“

Биткоинот денеска за прв пат во историјата ја надмина вредноста од 120.000 долари, што претставува историска пресвртница за најголемата криптовалута во светот. Растот се должи на очекувањата за нови регулаторни промени во корист на дигиталната индустрија во САД.

Од денес, Претставничкиот дом започнува дебата за серија закони кои треба конечно да обезбедат правна рамка за крипто-секторот. Овие иницијативи добија поддршка и од претседателот Доналд Трамп, кој јавно се нарече „крипто претседател“ и ги повика законодавците да делуваат во корист на индустријата.

Од почетокот на годинава, вредноста на биткоинот порасна за 29 проценти, што повлече нагоре и други криптовалути. Етерот, втората највредна дигитална валута, денес достигна највисоко ниво во последните пет месеци – 3.048,23 долари.

Според CoinMarketCap, вкупната пазарна капитализација на крипто-секторот достигна околу 3,78 билиони долари, што дополнително ја нагласува засилената доверба на инвеститорите.

И покрај несигурностите поврзани со трговските политики на САД, крипто-пазарот покажува изразена стабилност и растечки ентузијазам меѓу инвеститорите ширум светот.

CATEGORIES
TAGS
Share This