СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРАТЕНИК НА ТРАМП ВО КИEВ: САД и Украина со нови разговори за безбедност и санкции против Русија
Претходно, Трамп најави испраќање на ракетни системи „Патриот“ во Украина поради зголемените руски напади.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, денеска пристигна во Киев за разговори за безбедноста, санкциите против Русија и воената поддршка. Информацијата ја потврди шефот на украинската претседателска администрација, Андриј Јермак.
„Одбрана, оружје, санкции, заштита на луѓето – има многу теми за дискусија“, напиша Јермак на Телеграм. Келог ќе се сретне и со раководители на украинските безбедносни и разузнавачки служби.
Претседателот Зеленски најави дека американската делегација ќе добие детали за руските воени капацитети и украинските планови. Според него, целта е САД целосно да разберат како да се изврши притисок врз Русија за мир.
Претходно, Трамп најави испраќање на ракетни системи „Патриот“ во Украина поради зголемените руски напади.


