ПРВА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЕП Б ДИВИЗИЈА – младинците ја совладаа Грузија со 92:84

ПРВА ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЕП Б ДИВИЗИЈА – младинците ја совладаа Грузија со 92:84

Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години ја забележа првата победа на Европското првенство Б дивизија што се одржува во Ерменија. Во натпреварот од третото коло, избраниците на селекторот Горан Самарџиев ја совладаа селекцијата на Грузија со резултат 92:84 (31:22; 25:13; 15:26; 21:23).

Македонските кошаркари одиграа моќно прво полувреме, особено во нападот, каде што реализираа дури 56 поени. Иако Грузијците се доближија на само десет поени разлика во последната четвртина, нашите младинци успешно го одбија притисокот и ја обезбедија победата.

Петмина кошаркари од македонскиот тим завршија со двоцифрен број на поени: Коста Кириловски постигна 18, Марко Лукановски 17, Павел Иванов 14, а Стефан Стојковиќ и Ангел Стојанов по 13 поени.

Утрешниот ден е слободен, а следниот натпревар Македонија ќе го одигра во вторник против Швајцарија.

CATEGORIES
Share This