СО САМО ЕДНА АКЦИЈА 128 ПРЕКРШОЦИ – СВР Скопје санкционира возачи во 8-часовна контрола

СО САМО ЕДНА АКЦИЈА 128 ПРЕКРШОЦИ – СВР Скопје санкционира возачи во 8-часовна контрола

Во текот на само осум часа, на 12 јули 2025 година, полицијата во Скопје регистрираше вкупно 128 сообраќајни прекршоци при засилена контрола спроведена од 16:00 до 24:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје.

Според податоците од полицијата, санкционирани се:
– 23 возачи поради непрописно паркирање,
– 9 лица кои управувале возило без возачка дозвола,
– 2 возачи кои биле под дејство на алкохол,
– 8 лица за користење мобилен телефон додека возеле,
– 5 санкции за некористење сигурносен појас,
– 5 казни за управување со возило од несоодветна категорија,
– 15 прекршоци направени од возачи на моторцикл.

Покрај овие, биле изречени и низа други санкции за различни прекршувања на сообраќајните прописи.

Од СВР Скопје информираат дека ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на прекршоците.

CATEGORIES
Share This