НЕСРЕЌА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Дваесет и пет годишна девојка прегазена од автомобил – возачот возел со голема брзина низ населбата

НЕСРЕЌА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Дваесет и пет годишна девојка прегазена од автомобил – возачот возел со голема брзина низ населбата

Во скопската населба „Даме Груев“, во општината Ѓорче Петров, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во која 25-годишна девојка била прегазена додека се движела по тротоар. Инцидентот се случил околу 18:12 часот, кога автомобил управуван од 49-годишен возач со иницијали З.А. од Скопје, движејќи се со голема брзина, ја удрил девојката.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Скопје и веднаш на лице место интервенирала итна медицинска помош. Повредената девојка со иницијали С.Ј. (25) била итно префрлена во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против возачот. Истрагата за причините и околностите под кои дошло до несреќата е во тек.

CATEGORIES
Share This