ШОКАНТНИ ПОДАТОЦИ Русија со над милион жртви во војната со Украина

Само во текот на оваа година, бројот на загуби достигнал приближно 236.000 лица.

ШОКАНТНИ ПОДАТОЦИ Русија со над милион жртви во војната со Украина
Фото: Принтскрин

Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека од почетокот на војната во Украина, Русија има претрпено повеќе од еден милион човечки жртви. Само во текот на оваа година, бројот на загуби достигнал приближно 236.000 лица.

Според податоците на Генералштабот на вооружените сили на Украина, на кои се повикуваат британските аналитичари, просечните дневни загуби на руската армија во јуни изнесувале околу 1.080 војници. Во текот на истиот месец, Русија изгубила околу 32.000 луѓе.

„Од март 2025 година, бројот на жртви бележи умерено намалување секој месец. Просечната дневна стапка во јуни беше најниска од април 2024 година“, соопшти Министерството преку платформата X.

CATEGORIES
TAGS
Share This