КАРЕРАС НА ПРАГ НА РЕАЛ МАДРИД – договор со Бенфика постигнат, се чека Манчестер Јунајтед

КАРЕРАС НА ПРАГ НА РЕАЛ МАДРИД – договор со Бенфика постигнат, се чека Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид и Бенфика постигнаа усмен договор за трансфер на шпанскиот дефанзивец Алваро Фернандез Карерас, во вредност од 50 милиони евра. Договорот предвидува исплата на сумата на рати, а играчот би се преселил во Мадрид веднаш по потврдата дека Манчестер Јунајтед нема да ја активира откупната клаузула.

Иако Реал и Бенфика веќе го усогласиле трансферот, финалниот потег сè уште зависи од англискиот клуб, кој има прв избор врз основа на претходен договор со Бенфика. Доколку „црвените ѓаволи“ се откажат од откупот, Карерас ќе стане ново засилување за „кралскиот клуб“.

Овој потег се гледа како стратегиска инвестиција на Реал во млад, но веќе докажан дефанзивец, кој се покажа како еден од најконзистентните играчи во португалската лига. Карерас се очекува да донесе дополнителна стабилност и длабочина во одбранбената линија на тимот на Карло Анчелоти.

CATEGORIES
Share This