ГРЦИЈА ИСПРАТИ АВИОНИ И ПОЖАРНИКАРИ се вклучуваат за гаснење на пожарот кај Дојран
Од грчкото Министерство за цивилна заштита и климатски кризи информираа дека двата канадери полетале од Солун попладнево во 18 часот по локално време, додека копнените сили веќе се вклучени во интервенцијата.

Грција испрати два противпожарни авиони од типот канадер CL-415 и две противпожарни возила со осум пожарникари за помош во гаснењето на големиот шумски пожар кај селото Николиќ во општина Дојран, во близина на границата со Грција.
Од грчкото Министерство за цивилна заштита и климатски кризи информираа дека двата канадери полетале од Солун попладнево во 18 часот по локално време, додека копнените сили веќе се вклучени во интервенцијата.
Помошта е испратена по билатерално барање од Центарот за управување со кризи на Република Северна Македонија до координативниот центар за операции и управување со кризи на Грција. Грчката Влада веднаш позитивно одговорила на барањето.
Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, претходно преку Фејсбук апелираше дека е неопходна воздушна поддршка поради сериозната ситуација со пожарот во селото Николиќ, кој гори веќе трет ден.

