СРАМ ЗА БРИСЕЛ Европскиот парламент го избриша македонскиот јазик и идентитет
Со тоа, Европскиот парламент не само што не ги заштити универзалните демократски вредности, туку и им излезе во пресрет на националистичките аспирации кон Македонија, нејзиниот народ и историја.

Со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“, Европскиот парламент денеска го усвои Извештајот за напредокот на Македонија за 2023 и 2024 година, подготвен од австрискиот европратеник Томас Вајц. Од документот, по притисоци и лобирања од Бугарија и Грција, беа отстранети сите формулации што експлицитно се однесуваа на „македонскиот јазик“ и „македонскиот идентитет“.
Оваа одлука се смета за сериозен удар за европските вредности и принципите на еднаквост и почитување на културната и националната самобитност. Мнозинството во Европскиот парламент, кое себе си го нарекува „лулка на демократијата“, не најде сила да се спротивстави на растечките националистички и шовинистички тенденции во Европа.
Отстранувањето на референците за македонскиот јазик и идентитет се толкува како резултат на компромисен пристап во рамките на европскиот политички дијалог, кој сè почесто станува заложник на билатерални спорови и притисоци. Со тоа, Европскиот парламент не само што не ги заштити универзалните демократски вредности, туку и им излезе во пресрет на националистичките аспирации кон Македонија, нејзиниот народ и историја.
Ова гласање предизвика разочарување кај многумина во Македонија, кои се надеваа дека ЕУ ќе застане зад правото на секој народ да го афирмира својот јазик, култура и национален идентитет како неприкосновени темели на европското семејство на народи.

