ЧИПСОТ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈНЕЗДРАВА ХРАНА ВО СВЕТОТ – омилена грицка кај Македонците

Истражувањата покажуваат дека негативните ефекти од нездрава храна можат да се почувствуваат и само неколку часа по консумација, со нарушена функција на крвните садови.

ЧИПСОТ ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈНЕЗДРАВА ХРАНА ВО СВЕТОТ – омилена грицка кај Македонците

И покрај бројните предупредувања од нутриционисти, чипсот останува една од најконсумираните и најпродавани закуски – особено во Македонија. Но, според порталот Eat This, оваа популарна грицка е најнездравата прехранбена намирница на светот.

Чипсот е богат со сол, вештачки бои, ароми и адитиви, а истовремено сиромашен со хранливи влакна и корисни материи. Според експертите, редовната консумација може да доведе до зголемен холестерол, оштетување на кардиоваскуларниот систем и дури зголемен ризик од канцерогени заболувања поради одредени адитиви.

Истражувањата покажуваат дека негативните ефекти од нездрава храна можат да се почувствуваат и само неколку часа по консумација, со нарушена функција на крвните садови.

Особено загрижувачки е трендот кај младите, кај кои чипсот е секојдневна навика, често заменувајќи го оброкот. Во Македонија, чипсот е дел од секој маркет, училишна ужина и домашна забава.

Што препорачуваат нутриционистите?
Наместо чипс, изберете ореви, бадеми, лешници, семки од тиква или сончоглед, свежо овошје (како банани, портокали, јаболка)

Дури и мали промени во исхраната можат да донесат големи придобивки за здравјето на долг рок.

CATEGORIES
Share This