НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ КАЈ ВЕЛЕС – Нема задржувања на граничните премини

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ КАЈ ВЕЛЕС – Нема задржувања на граничните премини

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) известува дека од денеска, 8 јули 2025 година, е воспоставен нормален режим на сообраќај на регионалниот пат Р1312, делница Башино Село – Велес. Градежните работи на мостот преку реката Вардар кај Башино Село се завршени, што значи дека сообраќајот повторно се одвива непречено во двата правци.

Сообраќајот на државните патишта генерално се одвива по суви коловози и без застои, со умерен интензитет надвор од градските средини. Од македонска страна, на граничните премини нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде што постои ризик од појава на одрони. Посебно ризични остануваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This