ИСКЛУЧУВАЊЕ НА СТРУЈА ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН – Без електрична енергија делови од Сопиште и Карпош

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска (среда) ќе има привремени исклучувања на електричната енергија во неколку делови од Скопје поради технички зафати на мрежата.
Во периодот од 08:00 до 12:00 часот, без струја ќе остане дел од селото Сопиште, поточно на потегот околу главниот пат кај објектот „Давидоф“.
Дополнително, во периодот од 12:30 до 14:30 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во дел од населбата Долни Нерези, во општина Карпош.
Од компанијата апелираат до граѓаните за разбирање и препорачуваат навремено прилагодување на дневните активности.
CATEGORIES Македонија


