ПАТУВАЧКОТО КИНО НА „МАКЕДОКС“ – Документарна светлина во Кочани и Смилево

ПАТУВАЧКОТО КИНО НА „МАКЕДОКС“ – Документарна светлина во Кочани и Смилево

Во време на брзи промени и растечки противречности, потребата да се вратиме кон човечноста, обѕирноста и грижата за другиот станува сè поитна. Токму од таа потреба, Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава го насочува својот фокус кон Кочани – градот што ќе биде домаќин на серија проекции од 15 до 20 јули, на Летната сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“. Секоја проекција ќе започнува во 21 часот.

Оваа иницијатива не е само филмска програма – таа е потсетник дека секој од нас може да стори барем по нешто за сегашноста да стане подобра. Во време кога реалноста понекогаш изгледа тежок товар, МакеДокс нуди простор за заедничко гледање, чувствување и размислување – каде што секој глас е добредојден, а секоја емоција е валидна.

Особено значајна ќе биде проекцијата во селото Смилево, на 19 јули, каде што документарниот филм повторно ќе го осветли просторот како заеднички собир, надвор од урбаните центри.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ се реализира со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, во партнерство со SupportKochani, НУ Центар за култура „Бели мугри“ и Општина Кочани. Преку овие проекции, документарниот филм ја носи светлината на вистината, емпатијата и колективната надеж – таму каде што најмногу е потребна.

CATEGORIES
Share This