СОНЧЕВ И ЖЕЖОК ДЕН ПРЕД НАС – До 41 степен, со ветар над 60 km/h
Попладне, претежно во северозападните региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Времето денеска (08.07) ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и максимална температура до 41 степени. Попладне, претежно во северозападните региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.
CATEGORIES Македонија


