РАЗРЕШУВАЊЕ И СМРТ ВО ИСТ ДЕН – Што се случи со рускиот министер сменет од Путин
Иако руските власти досега немаат дадено официјално објаснување за смената, таа доаѓа веднаш по хаосот што настана во руските аеродроми изминатиот викенд.

Роман Старовоит, поранешен руски министер за транспорт, утрово беше разрешен од функцијата со указ на претседателот Владимир Путин, а неколку часа подоцна беше пронајден мртов во Одинцово, Московска област, јавува рускиот весник Известија.
По смената, за вршител на должноста министер за транспорт е назначен Андреј Никитин.
Старовоит ја презеде функцијата министер за транспорт во мај 2024 година, а претходно беше гувернер на Курската област, според информациите на руската агенција ТАСС.
Според порталот Политико, смената на Старовоит се поврзува со последните украински напади со беспилотни летала кои сериозно го нарушија воздушниот сообраќај во Русија.
Нападите предизвикаа бројни откажувања на летови, при што илјадници патници останаа заглавени на аеродромите.
Иако руските власти досега немаат дадено официјално објаснување за смената, таа доаѓа веднаш по хаосот што настана во руските аеродроми изминатиот викенд.


