БАРАЊЕ МИТО ВО КЛИНИКИ – Министерството молчи за имиња

Тој не откри кои здравствени установи се спомнати во пријавите, ниту дали се работи за клиники во рамки на скопскиот Клинички центар.

БАРАЊЕ МИТО ВО КЛИНИКИ – Министерството молчи за имиња
Фото: Влада

Министерот за здравство Азир Алиу соопшти дека до Министерството пристигнале пријави од граѓани за барање мито од страна на медицински персонал. Сепак, како што нагласи, засега случаите не се пријавени до правосудните органи.

„Сме добиле пријави за барање мито, но сѐ уште сме во првата фаза – ги проверуваме наводите. Ќе видиме како ќе постапиме понатаму“, изјави министерот Алиу.

Тој не откри кои здравствени установи се спомнати во пријавите, ниту дали се работи за клиники во рамки на скопскиот Клинички центар.

„Не е добро во оваа фаза да именуваме конкретни клиники. Ќе ни требаат една до две недели. Имаме воспоставена методологија и сме свесни дека кога се гради систем, мора да има и одговорност“, рече Алиу.

CATEGORIES
TAGS
Share This