МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ПОД ЛУПА НА ЕУ – Ќè се решава во среда дали е модерен или многувековен

Потоа ќе следи дебата по иницијативата на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен.

МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ПОД ЛУПА НА ЕУ – Ќè се решава во среда дали е модерен или многувековен
Фото: Принтскрин

Од денес до четврток во Стразбур ќе се одржи пленарна седница на Европскиот парламент, на која ќе се разгледуваат неколку значајни прашања. На дневниот ред, покрај теми како приоритетите на данското претседателство со Советот на ЕУ, трговските односи меѓу ЕУ и САД и предлогот за недоверба на Европската комисија, се наоѓа и Извештајот за Северна Македонија, изготвен од европратеникот Томас Вајц.

Дебатата по извештајот, кој се базира на годишните извештаи на Европската комисија за земјава за 2023 и 2024 година, ќе се одржи утре во доцните попладневни часови, а гласањето по документот е закажано за в среда.

Истовремено, европратениците утре ќе дебатираат и за извештаите поврзани со Албанија, Босна и Херцеговина и Грузија, по кои, исто така, ќе се гласа в среда.

Пленарната седница ќе започне попладнево со церемонија по повод 30-годишнината од геноцидот во Сребреница. Потоа ќе следи дебата по иницијативата на романскиот европратеник Георге Пипереа за изгласување недоверба на Европската комисија, предводена од Урсула фон дер Лајен. По оваа иницијатива ќе се гласа в четврток. За да биде изгласана недовербата, потребна е поддршка од најмалку две третини од европратениците што ќе гласаат, при што нивниот број мора да биде над половина од вкупниот состав на Европскиот парламент.

CATEGORIES
TAGS
Share This