ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ГО ГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ БЛАЦЕ – исфрлени над 30 тони вода

Надлежните апелираат до граѓаните да не се приближуваат до опожарените подрачја и да ги почитуваат насоките на службите на терен.

Од раните утрински часови, полициските хеликоптери се активно вклучени во гаснење на шумскиот пожар во реонот на Блаце.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, од 05:00 часот ангажирани се два хеликоптера од Хеликоптерската единица за полициски намени – моделите Bell 412 и Augusta Bell 212.

Досега, во обидите да се стави пожарот под контрола, се исфрлени над 30 тони вода, а хеликоптерите сè уште активно оперираат во засегнатиот регион.

Надлежните апелираат до граѓаните да не се приближуваат до опожарените подрачја и да ги почитуваат насоките на службите на терен.

CATEGORIES
TAGS
Share This