Промовиран Практикум на Зоран Петковиќ – Бакли за превентивна борба против корупцијата
Денес, 02 јули 2025 година, во салата при домот „Даре Џамбаз“ во Скопје беше промовиран „Практикум за превентивна борба против корупцијата во правосудството и администрацијата“ од авторот Зоран Петковиќ – Бакли.
Настанот го модерираше Сотир Костов. Промотори на Практикумот беа Миодраг Лабовиќ, професор на Факултетот за безбедност; Сергеј Сопронов, доцент на Факултетот за безбедност; Билјана Ивановска – поранешна претседателка на Државната комисија за спречување на корупција и Иван Бабамовски пензиониран припадник на Службата за државна безбедност.
CATEGORIES ЕМ Телевизија


