ГОЛЕМ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКАТА АТЛЕТИКА Андријана Поп Арсова ќе настапи на светското првенство во Токио
Овој успех претставува значаен напредок за македонската атлетика и ја покажува посветеноста и вложувањата во развојот на нашите врвни спортисти.

Фото: Принтскрин
Македонската маратонка Андријана Поп Арсова се пласираше на Светското првенство во атлетика, кое ќе се одржи во Токио од 13 до 21 септември.
Таа го обезбеди пласманот преку системот на светската атлетика, влегувајќи меѓу најдобрите 100 атлетичарки во светот. Андријана е првата македонска атлетичарка која ќе настапи на три последователни светски првенства – во Орегон, Будимпешта и Токио, при што на две од нив ги исполни квалификациските критериуми.
Овој успех претставува значаен напредок за македонската атлетика и ја покажува посветеноста и вложувањата во развојот на нашите врвни спортисти.
CATEGORIES Останати спортови
TAGS Топ вест


